понеделник, 22 декември 2025

Шефот на Полската дипломатија предупреди дека Европа мора да биде спремна за руски напади

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски предупреди дека Европа мора да биде подготвена за можноста Русија да изврши напади длабоко во нејзината внатрешност, оценувајќи дека е „неодговорно“ да не се градат одбранбени системи, вклучително и таканаречениот „ѕид од беспилотни летала“ на источното крило.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

За време на посетата на Лондон, каде што презентираше ирански дрон од типот шахед-136 соборен над Украина, Шикорски ги повика европските земји да останат цврсто посветени на поддршката на Киев.

Тој изрази надеж дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе овозможи испорака на ракети со долг дострел „томахавк“ на Киев, со цел да се интензивираат нападите врз руската инфраструктура.

Шикорски истакна дека е клучно да ѝ се обезбеди на Украина дополнителна воена помош, вклучително и противвоздушни системи, како и оружје со краток и среден дострел, со цел да се заштити европската територија. Тој предупреди на сè почести упади на беспилотни летала над Полска, како и прелетувања на руски ловци над Естонија. Тој исто така изјави дека сè уште не е познато дали беспилотните летала забележани над Копенхаген се поврзани со Русија.

На прашањето за можно проширување на иницијативата „ѕид против дронови“, Шикорски за Ројтерс изјави дека Русија, за жал, „може да навлезе длабоко во Европа“.

„Треба да бидеме подготвени да се спротивставиме на тоа. Мислам дека би било крајно неодговорно да не се развиваат капацитети за заштита од дронови“, кажа тој.

Рускиот претседател Владимир Путин ги оцени како „глупости“ тврдењата дека Русија би можела да нападне членка на НАТО алијансата. Сепак, Шикорски, долгогодишен и остар критичар на Кремљ, ги повика европските земји да планираат поддршка за Украина за следните три години, период за кој, како што кажа, и самата Украина подготвува воени планови.

„Украинците се подготвуваат за војна која би можела да трае уште три години, и тоа е мудро. Нашата задача е да го убедиме Путин дека сме подготвени да издржиме барем толку долго“, рече Шикорски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ