недела, 7 декември 2025

Шефот на полската дипломатија до Маск: Одлетај на Марс. Таму нема цензура на нацистички поздрави

Шефот на полската дипломатија Радослав Сикорски денес му порача на американскиот милијардер Илон Маск (кој повика на ликвидација на Европската Унија) да одлета на Марс, бидејќи таму нема цензура на нацистичките поздрави.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

По казната од 120 милиони евра која неговата социјална мрежа Икс мора да ја плати за кршење на прописите во Европската Унија, Маск прво повика на ликвидација на Унијата и враќање на суверенитетот на земјите-членки, а потоа во друга порака праша колку време останува до распадот на ЕУ.

„Одлетај на Марс. Таму нема цензура на нацистичките поздрави“, реагираше на тоа прашање, исто така на мрежата Икс, шефот на полската дипломатија и вицепремиер Сикорски, алудирајќи на фактот дека Маск ја крена раката на тој (нацистички) начин за време на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Претходно Сикорски, по повод пофалните реакции на Русија на првата порака на Маск за ликвидацијата на ЕУ и враќањето на суверенитетот на земјите-членки, изјави дека сега им е јасно на оние кои можеби сè уште се сомневаат за што служи целата приказна против ЕУ, со барањето за враќање на суверенитетот на националните држави.

„Ако некој сè уште се сомнева кому му служи целиот анти-ЕУ муабет за суверенитетот. Оние кои сакаат да заработат пари од ширење омраза и оние кои сакаат да ја освојат Европа“, коментираше Сикорски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ