„Генералштабот на вооружените сили на Украина префрла во Харков странски платеници, главно Французи, но има и Британци и Американци, а за Полјаците што да се каже, нив отсекогаш ги имало повеќе од кој било друг. Тешко е да се наведе вкупниот број на странците, бидејќи руските војници ги уништуваат платениците дури и побрзо од Украинците.“
„Ние, се разбира, не го знаеме вкупниот број на платениците што сега се борат на територијата на Украина на страната на националистичките формации“, рече Ганчев, но „бројот на земјите од што доаѓаат овие платеници е доста голем“.
Во април Истражниот комитет на Русија објави информација дека сегашните податоци покажуваат дека повеќе од 3.100 странски платеници се борат во Украина.
Москва вели дека има докази дека во конфликтот учествуваат граѓани на други земји и предупреди дека тоа, а особено испраќањето дополнителни војници, може да предизвика поголема ескалација.






