вторник, 22 април 2025

Шефот на НАТО во ненадејна посета на Украина

Шефот на НАТО Марк Руте изјави денес за време на ненадејната посета на Украина дека разговорите кои ги води американскиот претседател Доналд Трамп за постигнување примирје во таа земја „не се лесни“, а руските напади во Украина ги оцени како „скандалозни и ужасни“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тие разговори не се лесни особено по тоа ужасно насилство“, кажа Руте денес за време на посетата на пристанишниот град Одеса, зборувајќи покрај украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Руте кажа дека НАТО ги поддржува „сите напори на претседателот (на Соединетите Американски Држави Доналд) Трамп во прилог на мирот“ и ги оцени како скандалозни, ужасни и систематски нападите на Русија.

Тој ова го изјави два дена по рускиот напад во кој наводно загинале 35 цивили во градот Суми на североистокот на Украина.

Зеленски истакна дека на неговата земја ѝ се потребни системи за противвоздушна одбрана. Тој повика и на брза и ефикасна подготовка на западен воен контингент за Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ