четврток, 11 декември 2025

Шефот на НАТО: Мораме да бидеме спремни за војна каква што искусиле нашите дедовци и прадедовци (ВИДЕО)

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денес ги повика сојузниците да ги засилат своите одбранбени напори за да спречат војна која би можела да ја започне Русија, односно „војна каква што доживеале нашите дедовци и прадедовци“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зборувајќи во Берлин, Руте нагласи дека премногу членови на воениот сојуз не ја чувствуваат итноста на руската закана во Европа и дека мора брзо да ги зголемат трошоците за одбрана и производство за да спречат конфликт од размерите што ги обележале изминатите векови.

„Ние сме следната цел на Русија. Се плашам дека многумина се премногу самодоволни. Премногу од нив не ја чувствуваат итноста. И премногу од нив веруваат дека времето е на наша страна. Не е. Времето за дејствување е сега“, кажа Руте.

Тој додаде дека „конфликтот е пред нашата врата. Русија ја врати војната во Европа. И ние мора да бидеме подготвени“. Руте предупреди дека Русија би можела да биде подготвена да употреби воена сила против НАТО во рок од пет години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ