вторник, 27 јануари 2026

Шефот на НАТО е против европска војска: Тоа би го одушевило Путин

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте ги отфрли повиците на некои европски лидери за посебна европска армија, предизвикани од сомнежите за посветеноста на американскиот претседател Доналд Трамп на безбедноста на континентот, и кажа дека се согласува со американскиот лидер за ублажување на тензиите меѓу Европа и Вашингтон околу Гренланд.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Руте им порача на заговорниците на европските сили кои би бидат одвоени од НАТО алијансата предводена од Соединетите Американски Држави да „продолжат да сонуваат“ и кажа дека рускиот претседател Владимир Путин би бил „одушевен“ од таа идеја бидејќи тоа би ги ослабело армиите на европските земји.

Обраќајќи се пред Европскиот парламент во Брисел, Руте кажа дека европските земји треба да продолжат да преземаат поголема одговорност за сопствената безбедност, како што бара Трамп, но во рамките на трансатлантската алијанса.

Шефот на шпанската дипломатија, Хозе Мануел Албарес, и комесарот за одбрана на Европската комисија, Андриус ​​Кубилиус, во последните недели разговараа одделно за можноста за формирање европска армија.

Иако не коментираше конкретно ниту еден од предлозите, Руте брзо ја отфрли општата идеја, инсистирајќи дека Трамп и САД остануваат силно посветени на НАТО и покрај неизвесноста предизвикана од барањата на Трамп членката на НАТО, Данска, да ја предаде контролата врз Гренланд.

„Мислам дека ќе има многу преклопувања и ви посакувам среќа ако сакате да го направите тоа, бидејќи мора да најдете мажи и жени во униформа“ кои веќе и онака се бават со тоа, кажа тој.

„Тоа ќе ги комплицира работите. Мислам дека Путин ќе биде одушевен од тоа. Затоа, размислете повторно“.

Руте им кажа на пратениците дека ако Европа навистина сака да биде воено независна, тоа ќе ја чини значително повеќе од петте проценти од БДП кои членките на НАТО се согласија да ги потрошат за војските и активности поврзани со одбраната.

„Мора да изградите свои нуклеарни капацитети, што чини милијарди и милијарди евра. Во тоа сценарио ќе го изгубите крајниот гарант на нашата слобода, што е американскиот нуклеарен чадор. Па, еј, среќно“.

Руте кажа и дека се согласил со американскиот претседател за два „работни правци“ со цел да се смират тензиите меѓу САД и ЕУ.

„Во принцип, она што беше дискутирано минатата недела, за што конечно се согласивме, се два идни работни правци: едниот се однесува на НАТО, кој колективно би презел поголема одговорност за одбраната на Арктикот“, им кажа Руте на пратениците во Европскиот парламент.

„Значи, една линија на работа ќе биде да се најде најдобар начин колективно да се спречат Русија и Кина да добијат поголем пристап до арктичкиот регион, тоа е една линија на работа, при што НАТО јасно ќе го води патот“, додаде тој.

Друга линија на работа, во која НАТО нема да учествува според Руте, се однесува на продолжувањето на разговорите меѓу САД, Данска и Гренланд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ