недела, 15 јуни 2025

Шефот на НАТО е „претпазливо оптимистичен“ во врска со преговорите меѓу Украина и Русија

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денес изјави дека е „претпазливо оптимистичен“ во врска со можниот напредок во преговорите за Украина, под услов Русија да преземе „понатамошни чекори“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Останувам претпазливо оптимистичен и мислам дека ако Русите се подготвени да ја играат играта, а не само Украинците (…) може да има напредок во текот на следните две недели“, рече Руте по пристигнувањето во Анталија, каде што се одржува состанок на министрите за надворешни работи на НАТО.

Но, за да се постигне вистински напредок во преговорите, Русија мора да ги преземе и своите обврски, додаде Руте, потсетувајќи дека Украина е „подготвена да се ангажира во прекинот на огнот и преговорите“.

„Топката сега е во дворот на Русија“, рече шефот на НАТО.

Делегации од Русија и Украина се очекуваат во Истанбул во четврток на првите директни преговори меѓу двете страни од пролетта 2022 година. Рускиот претседател Владимир Путин не е на списокот на учесници на состанокот.

„Сега е на Русите да преземат понатамошни чекори“, рече Руте.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ