недела, 29 март 2026

Шефот на НАТО ѝ се закани на Русија: Ако ја нападнете Полска последиците ќе бидат разорни

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денес ѝ се закани на Русија дека секој напад на Полска или некоја друга членка на воениот пак би предизвикал „разорен одговор“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Руте беше во посета на Варшава, каде даде кратка изјава со полскиот премиер Доналд Туск. Туск порача дека е важно да бидат спремни на секаков можен исход на преговорите меѓу Русија и Соединетите Американски Држави за окончување на конфликтот во Украина, кој веќе трае три години.

Земјите членки на НАТО на источното крило –особено Полска и балтичките земји – се изразено исплашени дека преговорите може да завршат со договор во корист на Русија. се плашат дека таквиот исход би му овозможил на рускиот претседател Владимир Путин да ги обнови воените капацитети и во следните години да се закани на други држави во соседството.

„Ни Путин ни кој било друг не смее да помисли дека со такво нешто би минал неказнето“, оцени Руте.

„Ако некој погрешно ја процени ситуацијата и помисли дека може да ја нападне Полска или која било друга членка на сојузот, ќе го дочека полната сила на овој цврст сојуз. Нашата реакција ќе биде разорна. Тоа треба целосно да му биде јасно на Владимир Владимирович Путин и на сите кои сакаат да нè нападнат“, порача Руте.

Руте и претходно оценуваше дека Русија може уште до крајот на оваа деценија повторно да биде способна за напад на европско тло.

„Да не заборавиме дека Русија останува најзначајната и најмрачната закана за нашиот сојуз. Да не го заборавиме ни тоа дека Русија преоѓа на воена економија, а тоа силно ќе влијае на нејзината способност да ја изгради својата војска“, порача Руте.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ