сабота, 12 јули 2025

Шефот на Мосад: Ќе продолжиме да оперираме во Иран (ВИДЕО)

Шефот на Мосад, Давид Барнеа, денес изјави дека израелски агенти имало во Иран и дека ќе продолжат со операциите во таа земја и покрај прекинот на огнот постигнат со посредство на Соединетите Американски Држави, со кој завршија 12-дневните борби.

Принтскрин: Икс

Објавено на

часот

Сподели

„Ние ќе бидеме таму, како што бевме и досега“, кажа Барнеа во објавена видео снимка, што многу ретко се случува, од негово обраќање до неговите агенти на Мосад вклучени во нападите врз Иран.

Според него, Мосад со месеци и години прави „сè што е потребно за да стигне до правиот момент“, а Барнеа ги опиша достигнувањата на Мосад против Иран како „незамисливи“.

Акциите на Мосад во 12-дневната војна

За време на 12-дневната војна меѓу Израел и Иран, израелската разузнавачка служба Мосад одигра клучна улога во подготовката и извршувањето на воените операции. Според извори блиски до израелската влада и меѓународни аналитичари, Мосад со месеци претходно градел мрежа од агенти и локални соработници во Иран, што овозможило прецизно планирање и извршување на напади врз клучни ирански цели.

Оперативците на Мосад ја координирале саботажата на иранските противвоздушни системи и ракетни складишта, со што им отвориле пат на израелските воздухопловни сили да извршат прецизни напади врз нуклеарни објекти и воени бази. Покрај тоа, Мосад организирал напади со беспилотни летала и поставување експлозивни направи во Иран, вклучувајќи и бази за лансирање беспилотни летала во близина на Техеран.

Иран уапси 700 лица за кои велат дека се поврзани со Мосад

Еден од клучните елементи на операциите на Мосад била идентификација и лоцирање на високи ирански воени команданти и нуклеарни научници, кои потоа беа цел на терористички напади. Во тие операции, напредна вештачка интелигенција била користена во комбинација со човечка шпионска мрежа, што овозможило брзо и ефикасно неутрализирање на дел од одбранбените капацитети на Иран.

Иранските власти извршија масовни апсења за време на конфликтот, при што повеќе од 700 лица беа осомничени за соработка со Мосад, а најмалку тројца беа егзекутирани под обвинение за шпионажа и вмешаност во атентати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ