четврток, 19 март 2026

Шефот на МИ6: Путин не го интересираат преговори за мир во Украина

Шефот на британската контраразузнавачка служба МИ6 Ричард Мур изјави дека не видел „докази“ дека рускиот претседател Владимир Путин има интерес да постигне спогодбен мир во Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Мур кажа за Путин дека тој „одолговлекува“.

Во својот говор во Истанбул, каде ги најави плановите за користење на темниот интернет за регрутирање информатори и добивање тајни информации од агенти во Русија и низ целиот свет, Мур оцени и дека Путин ги потценил Украинците во војната и „загризал повеќе отколку што може да изџвака“.

„Тој сака да ја наметне својата империјалистичка волја со сите средства што му се на располагање. Но, не може да успее“, кажа Мур.

„Искрено кажано, Путин загриза повеќе отколку што можел да изџвака. Мислеше дека ќе постигне лесна победа. Но, тој и многу други ги потценија Украинците“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ