„Ми се чини дека тој не е баш фер кон Европа. Ми се чини дека Европа ја гарантираше независноста на Украина правејќи сè што беше можно за да ѝ обезбеди политичка, финансиска и воена поддршка“, изјави тој.
Зеленски во својот говор во Давос изнесе повеќе критички оценки на сметка на Европа. Посебно ги критикуваше, како што наведе, недоволните мерки на Европската Унија во сузбивањето на руската „флота во сенка“.
„Европа сака да расправа за иднината, но избегнува да дејствува денес, а токму денешното дејствување одредува каква иднина ќе имаме. Тоа е проблемот. Зошто претседателот на САД може да ги запре танкерите од ‘флотата во сенка’ и да ги прекине испораките на нафта, а Европа не може?“, праша Зеленски.
Тој потсети и дека стравот од руска одмазда ја спречил Европската комисија да го спроведе својот првичен план за заем за воени репарации за Украина, кој требало да се темели на користење на замрзнатиот руски имот.
Зеленски, исто така, ѝ замери на Европа и за пристапот кон безбедносните прашања, вклучително и темата за Гренланд, истакнувајќи дека европската политика премногу често останува на ниво на расправи, без конкретни потези.






