сабота, 12 јули 2025

Шефот на иранската дипломатија: Вклучувањето на САД во конфликтот би било многу, многу опасно

Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Аракчи, изјави дека неговата земја не може да преговара со Соединетите Американски Држави додека „иранскиот народ е бомбардиран“. Тој исто така тврди дека „САД се вклучени во агресијата од првиот ден“, пишува Би-би-си.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зборувајќи со новинарите во Истанбул, каде што ги продолжува дипломатските разговори, Аракчи предупреди дека вклучувањето на САД во конфликтот меѓу Израел и Иран би било „многу, многу опасно“. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно оваа недела ги одобри плановите за напад врз Иран, но се откажа од нападот со надеж дека Иран ќе се согласи да се откаже од својата нуклеарна програма.

Министерот за надворешни работи на Иран истакна дека е „апсолутно подготвен за договорено решение“ во врска со нуклеарната програма. Во 2015 година, Иран потпиша долгорочен договор за својата нуклеарна програма со светските сили, по години тензии околу израелските тврдења, без докази, дека се обидува да развие нуклеарно оружје.

„Дипломатијата функционираше во минатото и може повторно да функционира. Но, за да се врати на дипломатијата, агресијата мора да престане“, додаде Аракчи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ