недела, 13 јули 2025

Шефот на иранската дипломатија оди кај Путин

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, на прес конференцијата потврди дека денес патува за Москва, каде што утре ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зборувајќи на прес конференцијата во Истанбул, Аракчи рече: „Одам во Москва попладне, а утре наутро имам средба со претседателот Путин“.

Тој додаде дека Иран и Русија се долгорочни партнери, опишувајќи ја Москва како „пријател на Иран“ со кого редовно се консултираат.

Во продолжението на конференцијата, Аракчи кажа дека за време на преговорите „никогаш не им верувал на западните земји“ и дека денес има уште повеќе причини за недоверба.

„Сега треба уште помалку да му веруваме на Западот“, кажа тој.

Тој ги повика сите актери да „почекаат одговор од Иран“ пред да се обидат да го рестартираат дипломатскиот процес.

Кога беше прашан за комуникацијата со Соединетите Американски Држави, Аракчи потврди дека пред нападот имал индиректни преговори со главниот преговарач на Трамп, Стив Виткоф.

„Кога разговорите беа прекинати поради американската агресија, продолживме да добиваме пораки од Американците преку различни канали, особено преку Оман“, рече тој.

Оман со години дејствува како посредник меѓу Вашингтон и Техеран, особено во моменти на зголемена тензија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ