недела, 1 март 2026

Шефот на иранската дипломатија: Никој не може3 да ни каже дека немаме право да се браниме

Иран не поставува „никакви ограничувања“ на своето право да се брани од израелско-американските напади, изјави денес иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи во интервју за американската мрежа Еј-би-си.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Се браниме, без оглед на цената, и не поставуваме никакви ограничувања во одбраната и заштитата на нашиот народ“, изјави тој. „Никој не може да ни каже дека немаме право да се браниме“, истакна Аракчи.

Тој нагласи дека „она што го прават САД е чин на агресија, а она што го правиме ние е одбрана. Тоа е многу различно“.

Претходно, во телефонски разговор со својот омански колега, Бадр Албусаиди, Аракчи кажа дека Техеран е отворен за сите сериозни напори за деескалација, по израелските и американските напади за време на викендот, објави Министерството за надворешни работи на Оман.

Оман дејствува како посредник во нуклеарните преговори меѓу Соединетите Американски Држави и Иран.

Израел и Соединетите Американски Држави го нападнаа Иран вчера рано наутро, кој возврати со ракетни напади врз голем број земји во регионот, главно таму каде што има американски воени бази.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ