На предавање организирано од Меѓународниот институт за стратегиски студии, Вадефул истакна дека САД сè уште остануваат најважниот партнер на Европа и Германија и дека Европа, и покрај сегашните проблеми што создаваат дистанца меѓу неа и Вашингтон, сè уште зависи од САД кога станува збор за нејзината безбедност.
Функционери на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги критикуваа европските земји дека не ги исполнуваат целите на НАТО за трошоците за оружје и дека се премногу зависни од САД за сопствената одбрана.
„Трчањето со отворени раце кон претседателот Си (Џинпинг, претседателот на Кина) и тврдењето дека сите наши проблеми исчезнале во тој момент и дека ние ќе станеме ваш голем партнер, би била погрешна реакција“, рече министерот.
Западните земји како Канада и Обединетото Кралство склучуваат трговски договори со Кина како суверени земји, игнорирајќи ги заканите од Вашингтон.






