недела, 29 март 2026

Шефот на ЦИА: Украинците ќе се борат голораки ако треба

Украинските сили ќе се борат дури и голораки ако не добијат прифатливи услови за траен мир, порача директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Џон Ретклиф на сослушување во американскиот Сенат.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Сакам да кажам дека кога станува збор за украинскиот отпор, украинскиот народ и украинската војска се потценети веќе неколку години. Од разузнавачки аспект, уверен сум дека тие ќе се борат и голораки ако мораат, ако не добијат услови кои се прифатливи за траен мир“, оцени Ретклиф.

Овој негов говор доаѓа среде напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да посредува во прекин на огнот и поширок мировен договор меѓу Русија и Украина. Ретклиф тврди дека Трамп настојува да ја оконча војната под услови кои ќе обезбедат траен мир. Додаде дека ЦИА преземала чекори за да ги поддржи дипломатските напори на Трамп.

Со посредување на САД, Москва и Киев договорија забрана на напади на енергетската инфраструктура во Украина и Русија. покрај тоа, завојуваните страни се сложија да ја „елиминираат употребата на сила“ и да спречат користење на комерцијални бродови во воени цели во Црно Море.

Начелно беше договорен и 30-дневен прекин на огнот, во Џеда на 11 март, што треба да вклучува и сопирање на копнените операции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ