Софистицираните дронови кои шверцуваат огромни количества дрога и оружје во затворите претставуваат закана за националната безбедност, се вели во годишниот извештај на надзорниот орган за затворите. Главниот инспектор за затворите Чарли Тејлор предупреди дека криминалните банди работат на таргетиран начин во рамки на затворскиот систем и остваруваат огромен профит со продажба на шверцувана стока на „ранливата и и од досада исцрпена“ затворска популација.
Шефот на надзорниот орган ја повтори загриженоста за честите испораки со дронови до два затвора со максимална безбедност, ХМП Лонг Лартин и ХМП Манчестер, во кои се сместени најопасните мажи во земјата, вклучувајќи ги и терористите.
Тејлор кажа дека „полицијата и затворската служба се откажале од воздушниот простор“ над тие затвори со највисока безбедност, што, како што забележува, ја загрозува безбедноста на персоналот, затворениците и, на крајот, и на јавноста.
„Можноста организираните криминалци сега да можат да внесуваат пакети со тежина до 10 килограми значи дека во некои затвори, затворениците практично имаат мени од дроги. Од стероиди до канабис, па сè до кокаин.
„Технологијата на дронови напредува многу брзо. Нивото на ризик кое го носат овие дронови е различно од сè што сме виделе досега“, предупреди главниот инспектор, кој додаде дека постои и „теоретски ризик“ затвореник да избега од затвор со тоа што ќе биде изнесен од дрон.
Тој ја повика затворската служба веднаш да ја преземе контролата врз ситуацијата. „Би сакале владата и безбедносните служби да ги здружат силите, да користат технологија и разузнавање за да спречат овој ризик да се материјализира“, порача тој.
Извештајот јасно дава до знаење дека физичката безбедност, како што се заштитните мрежи, прозорците и камерите за надзор, е несоодветна во некои затвори, вклучително и Манчестер, и дека неискусниот персонал лесно се манипулира.
Тејлор кажа дека постојат и основни мерки кои би можеле да помогнат во ограничувањето на употребата на дронови, како што е редовното косење трева, за да нема пакети маскирани како вештачка трева. На извештајот реагираше и PACT, хуманитарна организација за помош на затворениците,. „Лесната достапност на лекови е исклучително загрижувачка и ги поткопува сите напори затворите да се претворат во места за рехабилитација“, соопштија тие.






