Трамп пред три дена изјави дека веројатно ќе ја тужи Би-би-си оваа недела за отштета до пет милијарди долари откако уредници на радиотелевизијата неприродно споиле два дела од говор на Трамп и создале впечаток дека американскиот претседател отворено повикува на насилство на немирите од јануари 2021 година во Капитол во Вашингтон.
Директорот на Би-би-си Самир Шах испрати лично писмо до Трамп за да се извини за монтажата, соопшти јавниот радиодифузен сервис, но додаде дека силно негира дека има основа за тужба за клевета. Трамп им кажа на новинарите дека ќе бара помеѓу 1 милијарда и 5 милијарди долари.
„Мислам дека морам да го направам тоа. И тие дури признаа дека мамеле“, кажа американскиот претседател. Шах на вработените во Би-би-си денес преку е-пошта им кажа дека широко се шпекулира за можноста за правна постапка, вклучително и потенцијални трошоци или спогодби.
„Во сето ова, ние, секако, сме јасно свесни за привилегијата на нашиот начин на финансирање и потребата да ги заштитиме нашите даночни обврзници, британската јавност“, вели тој во мејлот. „Сакам да бидам многу јасен со вас: нашата позиција не е сменета. Нема основа за тужба за клевета и ние сме решени да се бориме против неа“, кажа Шах.






