понеделник, 15 декември 2025

Шефот на американската дипломатија во посета на Израел

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес пристигна во Израел, објави агенцијата Франс прес.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Стејт департментот соопшти дека целта на патувањето е Рубио да го увери Израел во поддршката на Соединетите Американски Држави, пред претстојното признавање на палестинската држава од страна на повеќе земји на Генералното собрание на Обединетите нации.

Посетата доаѓа и покрај негодувањето на американскиот претседател Доналд Трамп поради израелскиот напад врз лидерите на палестинското исламистичко движење во Катар, кој е сојузник на САД.

Цел на бомбардирањето беа претставниците на Хамас кои се состануваа во станбен комплекс во срцето на Доха, главниот град на Катар, кој посредува во преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа.

Овој напад „нема да ја промени природата на нашите односи со Израел, но ќе мора да разговараме за тоа какви ќе бидат последиците“, им кажа Рубио на новинарите пред неговото патување во Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ