недела, 14 декември 2025

Шефот на агенцијата на ОН за палестински бегалци: Гладот во Газа може да се реши со една политичка одлука

Гладот во Појасот Газа може да се прекине со една политичка одлука, изјави денес шефот на Агенцијата на Обединетите нации за палестинските бегалци (УНРВА) Филип Лазарини во Блед, и предупреди дека „отсуството на емпатија“ кон Палестинците довело до атмосфера на „неказнивост“ во опустошената енклава.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Понекогаш имам чувство дека сме кажале сè за Газа, дека ни снемало зборови за да опишам низ колку страдања минуваат луѓето таму“, кажа Лазарини на Стратегискиот форум во Блед. Швајцарскиот хуманитарец е на чело на агенцијата која има 12 илјади вработени во палестинската енклава. Американскиот претседател Доналд Трамп го прекина американското финансирање на УНРВА, тврдејќи дека во неа се инфилтрирале терористички елементи, а Израел им забрани на своите службеници да комуницираат со нејзиниот персонал.

Лазарини тврди дека „веќе нема безбедно место“ во Газа и дека нејзините жители знаат дека можат да бидат убиени каде и да се, во болница, здравствен центар, засолниште на ОН или во безбедносните зони прогласени од Израел.

Светскиот механизам за проценка на безбедноста на храната (МПБ), агенцијата која се смета за орган за прогласување кризи со храна, потврди кон средината на август дека во Газа има глад. Меѓународните коментатори претходно предупредија дека МПБ обично доцни со таквата декларација.

„До моментот кога беше прогласен глад во Сомалија во 2011 година, 250.000 луѓе, од кои половина деца под 5 години, веќе умреа од глад“, предупреди Дејвид Милибанд, раководител на Светската организација за спасување, кон крајот на јули, коментирајќи ја МПБ.

Лазарини истакна во Блед дека гладот ​​во Газа е целосно предизвикан од човечка активност и е „намерен“ и дека хуманитарната помош во палестинската енклава се претворила во оружје. Околу половина милион луѓе моментално живеат во услови на глад на север, но без решителна акција тој ќе се прошири на југ од енклавата.

„Ова е глад што може да се реши со една политичка одлука“, кажа Швајцарецот. Најшокантното нешто во Газа, продолжи шефот на УНРВА, „е извонредното отсуство на акција и емпатија“ што создаде средина на „неказнивост“. Таа комбинација нè прави „соучесници во злосторства за кои никој подоцна нема да може да каже дека не сме знаеле, бидејќи се случуваат пред наши очи“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ