ФЕД, институцијата овластена за регулирање и контрола на финансиските и монетарните институции и пазари во Соединетите Американски Држави, е основана во 1913 година. Трамп постојано го напаѓа Пауел за тоа што не ги слуша повиците за намалување на каматните стапки за поттикнување на економскиот раст, нарекувајќи го „Господин предоцна“ и заканувајќи се дека ќе го отпушти.
Гувернерката Лиза Кук, еден од седумте членови на Одборот на гувернери на ФЕД, исто така беше изложена на критиките на Трамп и неговиот обид да ја отстрани. Неговата одлука да го отпушти Кук сега е на суд.
„Во случај американската монетарна политика да престане да биде независна и наместо тоа да зависи од диктатите на ова или она лице, верувам дека ефектот врз стабилноста на американската економија, како резултат на ефектите што би ги имала низ целиот свет, би бил многу загрижувачки бидејќи тоа е најголемата економија во светот“, изјави Лагард.
Таа, исто така, потсети на пресудата од минатата недела на Апелацискиот суд на САД дека повеќето од царините што ги наметна Трамп се нелегални и додаде дека пресудата претставува дополнителна неизвесност за економските прогнози на глобално ниво.






