четврток, 22 јануари 2026

Шефицата на ЕУ дипломатијата го спореди Трамп со Путин

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедност Каја Калас денес изјави дека ЕУ ќе стои зад својата цврста позиција во врска со Гренланд. Калас им го кажа ова на претставниците во Европскиот парламент, а нејзините коментари следеа по вчерашниот состанок со данската министерка за одбрана и гренландската министерка за надворешни работи во врска со заканите на Доналд Трамп.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ниту една земја нема право да ја преземе територијата на друга, ниту во Украина ниту во Гренланд“, кажа Калас. Таа додаде дека заканата на Доналд Трамп да воведе тарифи за осумте земји кои му се спротивставија во врска со Гренланд го поткопува просперитетот и на Европската Унија и на Соединетите Американски Држави.

Претходно денес претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен ги нарече заканите на Трамп „грешка“ и вети „безбедносен пакет за Арктикот“ за решавање на безбедносните проблеми во регионот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ