недела, 13 јули 2025

Шефицата на ЕУ дипломатијата: Дајте ѝ пари на Украина или учете руски

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денес изјави дека Русија е директна закана за Европската Унија и дека, доколку ЕУ не продолжи да ѝ помага на Украина, „треба да почнеме да учиме руски“, повторувајќи го предупредувањето од генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Што се однесува до Украина, Европската Унија има улога, особено затоа што Украина е првата линија на одбрана на Европа. Знаеме дека Русија реагира само со сила и ништо друго“, кажа Калас, а пренесува Гардијан.

Таа укажа на важноста на 18-от пакет санкции предложени од ЕУ, истакнувајќи дека „секоја санкција ја ослабува способноста на Русија да ја води оваа војна“.

„Треба да направиме повеќе за Украина и за нашата сопствена безбедност. Колку е посилна Украина на бојното поле денес, толку посилна ќе биде на преговарачката маса кога Русија конечно ќе биде подготвена да разговара“, оцени Калас.

Отворајќи ја дебатата во Европскиот парламент, шефицата за надворешна политика на ЕУ предупреди дека живееме во многу опасни и тешки времиња и дека Русија претставува директна закана за Унијата.

„Русија го нарушува нашиот воздушен простор, спроведува провокативни воени маневри во близина на границите на ЕУ, ги таргетира нашите возови и авиони, ги напаѓа нашите гасоводи, подводните оптички кабли и електричните мрежи, ја напаѓа нашата индустрија, вклучувајќи ги и компаниите што ја поддржуваат Украина, регрутира криминалци за извршување саботажи и постепено ги зајакнува своите вооружени сили и го проширува својот нуклеарен арсенал“, рече Калас.

Според неа, минатата година Русија потрошила повеќе за одбрана отколку сите земји-членки на Европската Унија заедно, додека оваа година Русија троши повеќе за одбрана отколку за сопственото здравство, образование и социјална политика заедно.

„Ова е долгорочен план за долгорочна агресија. Не трошете толку многу пари за војската ако не планирате да ја користите“, смета Калас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ