недела, 11 мај 2025

Шефицата на дипломатијата на ЕУ: Лидерите на Република Српска го уриваат уставот на БиХ, тоа нема да го толерираме

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика Каја Калас ги прозва политичките лидери на босанските Срби, прогласувајќи ги за одговорни за кризата во која се наоѓа Босна и Херцеговина, во говорот кој го одржа пред припадниците на Еуфор при посетата на нивната база кај Сараево.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Лидерите на Република Српска го уриваат уставот и правниот поредок на БиХ заканувајќи им се на основните слободи на сите граѓани. Овие акции се спротивни на обврските кои Босна и Херцеговина ги презема на својот пат кон ЕУ. Ние нема да толерираме какви било закани на територијалниот интегритет, суверенитетот и уставниот поредок на БиХ“, изјави Калас. Таа е во работна посета на БиХ во екот на најголемата криза во таа земја од војната во деведесеттите.

Калас истакна дека е неприфатлив секој обид да се загрози опстанокот на БиХ како држава и додаде дека испраќањето дополнителни стотина војници во рамки на мисијата Алтеа во март е јасен доказ за посветеноста на ЕУ на зачувувањето на мирот и стабилноста во БиХ.

„Не постои кратенка за членство во ЕУ, но вратата за БиХ е отворена и се бара силна политичка волја и заеднички труд на сите учесници“, кажа Калас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ