Министерството за надворешни работи на Северна Кореја издаде меморандум „за да ѝ соопшти на меѓународната заедница дека воспоставувањето нов систем за ракетна одбрана од страна на Соединетите Американски Држави е многу опасен „заканувачки потег“ насочен кон загрозување на стратешката безбедност на државите со нуклеарно оружје“, соопшти официјалната новинска агенција КЦНА.
Во меморандумот се наведува дека САД се „решени да ја милитаризираат вселената“ и сакаат да ја трансформираат „во потенцијална нуклеарна воена зона“.
Доналд Трамп минатата недела објави нови детали за планот и најави издвојување на 175 милијарди долари за систем за ракетна одбрана.
Тој за системот „Златна купола“ рече дека е многу важен за успехот и опстанокот на Соединетите Американски Држави.