сабота, 20 декември 2025

Северна Кореја порача преку ОН дека никогаш нема да се откаже од нуклеарното оружје

Северна Кореја никогаш нема да се откаже од своето право да биде нуклеарна сила, изјави заменик-министерот за надворешни работи на земјата денес пред Генералното собрание на Обединетите нации.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ретко е некој од Северна Кореја да зборува од говорницата на Генералното собрание на ОН.

Пјонгјанг во 2022 година го прогласи својот нуклеарен статус за „неповратен“, па дури и го вклучи во својот Устав следната година, па затоа „наметнувањето денуклеаризација“ на Северна Кореја „е еднакво на барање од неа да се откаже од својот суверенитет и правото на постоење“, рече Ким Сон Гјонг.

„Никогаш нема да се откажеме од нуклеарната енергија, што е нашиот национален закон, наша национална политика и наша суверена моќ, како и наше право на постоење“, рече тој.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун минатата недела изјави дека е подготвен да ги обнови контактите со Соединетите Држави ако Вашингтон се откаже од идејата за денуклеаризација на неговата земја, објавија официјалните медиуми на Пјонгјанг.

Северна Кореја спроведе шест нуклеарни теста помеѓу 2006 и 2017 година и оттогаш продолжи да го развива својот арсенал и покрај строгите меѓународни санкции.

Минатата недела, новиот претседател на Јужна Кореја, Ли Џе-мјунг, инсистираше на потребата од обнова на довербата со својот северен сосед и прекин на „маѓепсаниот круг на воени тензии“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ