Станува збор за првиот коментар од нуклеарно вооружената Северна Кореја за американските напади врз иранските нуклеарни објекти во текот на викендот, објави АФП.
„Демократска Народна Република Кореја најостро го осудува нападот на САД врз Иран, кој сериозно ја прекрши Повелбата на ОН во однос на почитувањето на суверенитетот“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Северна Кореја, според соопштението објавено од државната новинска агенција.
Тој ја нарече моменталната регионална тензија „неизбежен резултат на безобѕирната дрскост на Израел“, додавајќи дека земјата „ги промовирала своите еднострани интереси преку континуирани воени потези и територијална експанзија“.
Северна Кореја, за која се верува дека поседува десетици нуклеарни боеви глави и разни системи за нивна испорака, е во постојани тензии со соседна Јужна Кореја и нејзиниот главен сојузник, САД, кои имаат околу 30.000 војници на Корејскиот Полуостров.