недела, 7 декември 2025

Северна Кореја ги заострува односите со САД и Јужна Кореја

Северна Кореја соопшти вчера дека ќе заземе поостар став кон Соединетите Американски Држави и Јужна Кореја, кои еден ден претходно го осудија тестирањето на севернокорејска балистичка ракета.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе дејствуваме поофанзивно против непријателските закани“, изјави севернокорејскиот министер за одбрана Нох Кванг Чол.

Тој кажа дека официјален Вашингтон е „безобразен“ во своите воени маневри насочени кон „загрозување на безбедноста“ на Северна Кореја и изјави дека САД „намерно ги зголемуваат политичките и воените тензии во регионот“.

Чол го критикуваше пристигнувањето на американскиот носач на авиони на нуклеарен погон УСС Џорџ Вашингтон во јужнокорејското пристаниште Бусан во среда.

Јужна Кореја како причини за пристигнувањето на бродот ги наведе залихите и потребата од одмор на екипажот.

Вчерашната изјава на севернокорејскиот министер и завчерашниот тест на ракетата се случија околу една недела откако американскиот претседател Доналд Трамп ја посети Јужна Кореја како дел од неговата официјална турнеја низ Азија.

Американскиот претседател претходно ја остави отворена можноста за средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, со кого разговараше три пати во претходниот мандат.

Средбата не се одржа, а Трамп кажа дека е „премногу зафатен“, на што Пјонгјанг не реагираше.

За време на посетата на Јужна Кореја, Трамп одобри изградба на јужнокорејска нуклеарна подморница, каква имаат малку земји.

Неколку дена подоцна американскиот министер за одбрана Пит Хегсет отиде во граничната област со Северна Кореја со својот јужнокорејски колега и ја потврди силата на билатералните односи.

Аналитичарите очекуваат договорот за нуклеарна подморница да предизвика поагресивен одговор од Пјонгјанг.

Членовите на парламентот на Јужна Кореја по брифинг од разузнавачките служби оваа недела предупредија дека Пјонгјанг се чини дека е подготвен за седми нуклеарен тест, доколку биде одобрен од лидерот Ким Џонг Ун.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ