среда, 9 јули 2025

Сеул: Русија подготвува голем напад, Северна Кореја би можела да ѝ испрати војници

Северна Кореја би можела да распореди дополнителни трупи во јули и август како помош на руските сили во војната во Украина, а Пјонгјанг продолжува да ја снабдува Москва со оружје, кажаа денес јужнокорејски парламентарци, повикувајќи се на извештај на разузнавачката агенција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја тврди дека Русија подготвува напад од големи размери во Украина во јули и август, им изјави пратеникот Ли Сеонг Квеун на новинарите.

Според него, испраќањето дополнителни севернокорејски сили би можело да се случи веќе во јули или август.

Јужнокорејската разузнавачка служба потсети дека Пјонгјанг неодамна го посетил висок руски функционер од безбедносните служби и тврди дека Северна Кореја подготвува нова група војници кои ќе бидат испратени во Русија.

Секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Сергеј Шојгу, ја посети Северна Кореја на 17 јуни.

По повеќемесечен молк, и Северна Кореја и Русија дека има севернокорејски трупи во Русија и улогата што ја играа во руската офанзива против украинските сили за ослободување на рускиот Курски регион.

Минатиот јуни, лидерите на Русија и Северна Кореја потпишаа договор за соработка што вклучува договор за меѓусебна одбрана.

Во замена за испраќање артилериска муниција и ракети во Русија, Пјонгјанг веројатно ќе биде награден со техничка обука за лансирање сателити и обука за системи за водење ракети, кажа Ли, повикувајќи се на разузнавачката служба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ