сабота, 3 мај 2025

Серија силни земјотреси во Турција во регионот на Истанбул (ВИДЕО)

Три силни земјотреси го погодија денес регионот на Истанбул во Турција, пренесува Европско-медитеранскиот сеизмолошки завод. Првиот од трите бил најсилен, со 6,2 степени на Рихтеровата скала, додека вториот и третиот биле нешто послаби со 5,0 и 5,3.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според првичните информации, првиот земјотрес бил со јачина од 5,9 степени по Рихтер, меѓутоа подоцна беше објавено дека бил посилен – дури 6,2.

Како што се наведува, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 12 километри, во Мраморно Море, западно од Босфор.


Според прелиминарните извештаи, во Истанбул се треселе зградите, пренесува Ројтерс.

Како што се гледа на снимките објавени на социјалните мрежи, жителите на Истанбул во паника истрчале на улиците. На Си-ен-ен Турк гледачите можеле да видат во програма во живо како студиото се тресе во моментот кога почнал земјотресот.


И понатаму нема информации за штетата која ја предизвикал земјотресот, како ни дали има повредени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ