недела, 7 декември 2025

Себастијан Лекорну повторно именуван за премиер на Франција

Себастијан Лекурну е повторно назначен за премиер на Франција, објави синоќа Елисејската палата. Според француските медиуми, две сценарија биле можни синоќа во Париз, или стариот, Себастијан Лекорну, да биде назначен за нов премиер, или Националното собрание да биде распуштено.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Неколку моменти по објавата на Елисејската палата Себастијан Лекурну се огласи на својот профил на социјалната мрежа Икс за да каже дека го прифаќа назначувањето.

„Ја прифаќам – по должност – мисијата што ми ја довери претседателот на Републиката да направам сè за да ѝ обезбедам на Франција буџет за крајот на годината и да одговорам на проблемите од секојдневниот живот на нашите сонародници“, напиша тој, меѓу другото во објавата и истакна:

„Мора да ја завршиме оваа политичка криза што ги иритира Французите и оваа нестабилност која е лоша за имиџот на Франција и нејзините интереси.“

Емануел Макрон, претседателот на Франција, пред назначувањето, изјави дека верува оти постои „можен пат“ за „постигнување компромис“, објави Монд.

„Токму врз основа на ова тој сега ќе ја преземе својата одговорност со назначување на премиерот“, додаде член на неговата придружба, без да даде дополнителни детали за временската рамка за ова именување или профилот на идниот шеф на владата.

Себастијан Лекорну, кој беше назначен за премиер на 9 септември и ја формираше владата само 14 часа пред неговата оставка, беше третиот француски премиер за помалку од една година, а петтиот за две години.

На 5 октомври тој назначи министри во својата влада, а следниот ден поднесе оставка од функцијата премиер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ