четврток, 12 март 2026

Се запали најголемиот носач на авиони во светот УСС Џералд Р. Форд

Двајца морнари се повредени откако најголемиот носач на авиони во светот го зафатил пожар за време на „оперативни активности“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Носачот на авиони на американската морнарица УСС Џералд Р. Форд бил во Црвено Море кога избувнал пожар на бродот.

Ударната група на овој носач на авиони на нуклеарен погон моментално дејствува во Црвено Море како дел од операцијата „Епски бес“, што е кодното име дадено од Доналд Трамп на војната против Иран.

Централната команда на американските поморски сили соопшти:

„На 12 март УСС Џералд Р. Форд (ЦВН-78) имаше пожар што избувна во главната зона за перење облека на бродот. Причината за пожарот не е поврзана со борбата и е ставена под контрола“.

Нема штета на погонскиот систем на бродот, а носачот на авиони останува целосно оперативен.

Двајца морнари моментално се лекуваат од повреди кои не се опасни по живот и се во стабилна состојба. Дополнителни информации ќе бидат објавени кога ќе бидат достапни.

Изградбата на овој воен брод почна во 2009 година и беше завршена во 2017 година, кога Доналд Трамп официјално го пушти во употреба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ