Чадот прво бил забележан на една од палубите на Морнинг Мидас, кој превезувал електрични возила, според соопштението на управителот на бродот, компанијата Зодијак маритајм. На бродот има околу 800 електрични возила.
Екипажот почнал со гаснење на пожарот, но пожарот не можел да се стави под контрола, се додава во соопштението за медиумите.
Американската крајбрежна стража ги евакуирала сите 22 члена на екипажот и ги префрлила на близок трговски брод. Крајбрежната стража претходно соопштила дека испраќа воздушни и морски екипи на бродот, каде што екипажот активно се бори со пожарот.
#BREAKING (1/2) USCG responding to fire onboard 600ft cargo ship Morning Midas with 22 people aboard 300 mi SW of Adak
– No reported injuries
– Ship’s crew actively fighting fire
– 3 vessels on scene to assist
– USCG aircrews en route to Adak
– USCG Cutter en route to the area— USCGAlaska (@USCGAlaska) June 4, 2025
Компанијата Зодијак потврди дека се распоредени тимови за поддршка на операциите за спасување и гаснење пожари. Бродот испловил од кинеското пристаниште Јантаи на 26 мај.
Превозниците на автомобили транспортираат илјадници возила одеднаш преку светските океани.
Во последните години, имаше неколку големи пожари на бродови што превезуваат електрични возила, што предизвикува загриженост дека батериите во тие автомобили лесно би можеле да се запалат и да доведат до големи катастрофи.
Ваквите инциденти можат да имаат сериозни последици за производителите на автомобили и сопствениците на бродови, како и за нивните осигурувачи.
Пред три години, во 2022 година, брод што превезуваше околу 4.000 возила се запали во Атлантикот и на крајот потона и покрај напорите да се извлече на безбедно место.
Сопствениците на бродови преземаат и одредени мерки за да се обидат да управуваат со безбедносните ризици поврзани со транспортот на електрични возила. Минатата година, клучна организација за безбедност објави упатства за тоа како да се постапува при пожари на бродови.