Авионот Ц-130 полетал од Азербејџан и се враќал во Турција вчера, а се урна во Грузија, во општината Сигнаги, во близина на азербејџанската граница. Турскиот министер за одбрана Јасар Ѓулер во порака на мрежата Икс објави дека „херојските воени другари“ загинале на 11 ноември 2025 година, кога воен товарен авион Ц-130 се урна во близина на грузиско-азербејџанската граница, заедно со слики од загинатите.
Причината за несреќата се истражува.
Турскиот тим за истрага на несреќите пристигна на местото на несреќата утрово и врши увид. Остатоци од соборениот авион се расфрлани на многу голема површина, објави турската телевизиска станица Хабертурк.
Вчера турската државна агенција Анадолу објави соопштение од грузиската воздухопловна администрација, во кое се наведува дека тие го изгубиле контактот со авионот неколку минути откако влегол во грузискиот воздушен простор и дека авионот не испратил сигнал за помош.
‼️The Turkish Defense Ministry reported that a C-130 military transport aircraft, which had taken off from Azerbaijan, crashed in Georgia. pic.twitter.com/04g1T04ilP
— NEXTA (@nexta_tv) November 11, 2025
Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, и грузискиот министер за надворешни работи, Мака Бочоришвили, упатија сочувство.






