понеделник, 8 декември 2025

Се урна американски Ф-16, пилотот успеал да се катапултира (ВИДЕО)

Американски борбен авион Ф-16Ц од акробатската група на американските воздухопловни сили Тандербрдс се урна во оддалечена пустинска област јужно од аеродромот Трона, на работ на Националниот парк Долина на смртта.

Фото: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Пилотот поминал со полесни повреди. Снимки кои го покажуваат моментот на падот на авионот и катапултирањето на пилотот се објавени на социјалните мрежи.

Во објава на социјалната мрежа Икс официјалниот профил на американските воздухопловни сили Тандербрдс го потврди инцидентот:

„На 3 декември 2025 година, околу 10:45 часот наутро, пилот на Тандебрдс безбедно се катапултираше од авионот Ф-16Ц „фајтинг фалкон“за време на обука во контролиран воздушен простор во Калифорнија. Пилотот е во стабилна состојба и добива дополнителна медицинска нега. Инцидентот е под истрага, а дополнителни информации ќе бидат објавени од Канцеларијата за односи со јавноста на 57-то крило“, објавија тие.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ