петок, 9 мај 2025

Се сруши покрив на ноќен клуб во Доминиканската Република, најмалку 79 лица загинати (ФОТО+ВИДЕО)

Според последните извештаи, најмалку 79 лица загинаа, а 155 се повредени при уривање на покрив на ноќен клуб во главниот град на Доминиканската Република.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Меѓу загинатите се популарен пејач, гувернерка на покраината и поранешниот професионален бејзбол играч Октавио Дотел, соопштија властите.

Спасувачките екипи со помош на тешка опрема цел ден се обидуваат да ги извлечат преживеаните од урнатините. Хуан Мануел Мендез, шеф на оперативниот центар за итни случаи на Доминиканската Република, претходно во вторникот изјави дека сè уште не се знае точниот број на луѓе кои присуствувале во клубот во моментот на рушењето.

Локалните медиуми претходно проценија дека во моментот на трагедијата во клубот Џет сет биле присутни меѓу 500 и 1.000 луѓе. Несреќата се случи во вторникот околу 45 минути по полноќ за време на концерт на популарниот доминикански пејач Руби Перез, кој е меѓу загинатите, според неговиот менаџер и членовите на семејството. На настанот присуствувале политичари, спортисти и други истакнати личности.

Меѓу жртвите е Нелси Круз, гувернерка на северната покраина Монте Кристи, изјави претседателот Луис Абинадер. Круз е сестра на поранешниот бејзбол играч Нелсон Круз, седумкратен МЛБ Ол-стар играч.

При рушењето загинаа и поранешните играчи на МЛБ, Октавио Дотел и Тони Бланко, потврдија локалните власти. Дотел починал на пат кон локалната болница откако бил извлечен од урнатините, изјави портпаролот на националното министерство за спорт.

Дотел (51) дебитирал за Њујорк Метс во 1999 година и играше за повеќе од десетина тимови до 2013 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ