Според порталот Време, речиси сите големи малопродажни синџири кои работат во Србија одлучиле да затворат одредени подружници, а според изворите на весникот, неколку стотици луѓе би можеле да ги изгубат своите работни места. Сето ова е резултат на одлуката на владата да ги ограничи трговските маржи.
Како што дознава Време, синџирот продавници Гомекс веќе затворил три продавници во Нови Пазар, една во Чачак и две во Златибор. Пред тоа компанијата ја напуштил основачот Горан Ковачевиќ, познат во јавноста како човек кој секогаш отворено го искажувал своето мислење. Иако официјално беше објавено дека се пензионирал, изворите наведуваат дека тој заминал под притисок, бидејќи не се согласувал со моменталната економска политика на државата и јавно коментирал за неа, пишува Време.
Според информациите Гомекс ќе продолжи да ги намалува трошоците и до ноември ќе затвори вкупно 15 продавници, најмногу во Крагуевац, Нови Пазар и Смедеревска Паланка, а една продавница ќе биде затворена и во Белград.
Според неофицијални информации, слична стратегија применуваат и други малопродажни синџири – ДИС затвора продавница во центарот на Белград и уште два објекта во други градски општини. До крајот на годината Меркатор ќе затвори десетици објекти, отпуштајќи или прераспределувајќи голем број вработени, додека Делез планира да затвори десет свои продавници.






