понеделник, 15 декември 2025

Се шири конфликтот меѓу Тајланд и Камбоџа, десетици загинати

Судирите на границата меѓу Тајланд и Камбоџа продолжија трет ден по ред, денеска се појавија нови жаришта додека двете страни бараа дипломатска поддршка, тврдејќи дека дејствуваат во самоодбрана и повикувајќи ја спротивната страна да го прекине огнот и да започне преговори, пренесува Ројтерс.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Најмалку 30 лица се убиени, повеќе од 130.000 се раселени во најжестоките судири меѓу Тајланд и Камбоџа во последните 13 години.

Тајландската морнарица соопшти дека во саботата наутро избувнал судир во крајбрежната провинција Трат, отворајќи ново жариште на повеќе од 100 километри оддалеченост од други точки на конфликт долж границата меѓу двете земји за која спорат со децении.

Тензиите ескалираа на крајот на мај кога војник од Камбоџа беше убиен во кратка пресметка. Двете страни распоредија дополнителни војници, дипломатската криза ја доведе кревката коалициска влада на Тајланд на работ на колапс.

Досега се убиени 19 тајландски војници, додека портпаролката на Министерството за одбрана на Камбоџа, Мали Сочеата, изјави дека во судирите загинале пет војници и осум цивили.

Амбасадорот на Тајланд во Обединетите нации изјави пред Советот за безбедност во петокот дека двајца војници се повредени во два наврати од средината на јули поради мини поставени од Камбоџа на тајландска територија, што Камбоџа категорично го негира. Тајландскиот амбасадор, исто така, рече дека Камбоџа ги започнала нападите во четврток наутро.

„Тајланд ја повикува Камбоџа веднаш да ги прекине сите непријателства и агресивни дејствија и да се врати на дијалогот со добра волја“, рече Чердчај Чаивавид.

Двете земји со децении се во пограничен спор, а сопственоста на хиндуистичките храмови Та Моан Том и Преах Вихар од 11 век се најспорните прашања. Меѓународниот суд на правдата ѝ го додели Преах Вихар на Камбоџа во 1962 година, но тензиите ескалираа во 2008 година кога Камбоџа побара храмот да биде наведен како светско наследство на УНЕСКО.

Вршителот на должноста премиер на Тајланд, Фумтам Вечајачаи, изрази сериозна загриженост поради ескалацијата на тензиите на границата со Камбоџа. По вториот ден од последователните вооружени инциденти, тој предупреди дека ситуацијата би можела да излезе од контрола.

„Доколку ситуацијата ескалира, таа би можела да прерасне во војна, иако засега останува ограничена на конфликт“, изјави Вечајачаи пред новинарите во Бангкок, според Франс прес. Тој нагласи дека конфликтите веќе негативно се одразиле врз животите на локалното население и рече дека владата ги презела сите мерки за „да ја заштити нашата нација и суверенитет“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ