недела, 7 декември 2025

Сè поголем јаз меѓу богатите и сиромашните во Британија, најлошо е во Лондон

Сè поголемите цени на недвижностите го продлабочиле јазот меѓу богатите и сиромашните во Велика Британија, објави истражувачкиот институт Фондација Резолуција, со Лондон на врвот на скалата со најизразено зголемување на нееднаквоста од големата финансиска криза.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Најбогатите 10 отсто од домаќинствата во Британија поседуваат приближно половина од вкупниот имот, приближно исто како и во изминатите четириесет години, објави независниот истражувачки институт кој се фокусира на подобрување на животниот стандард на граѓаните со ниски и средни приходи.

Меѓутоа, растот на цените на имотите, со фокус на недвижностите и приватните пензиски заштеди, им отежнал на граѓаните со просечни приходи да го намалат заостанатиот имот.

Богатството на возрасен човек од најбогатите 10 отсто од домаќинствата во 2020/2022 година било во просек од 1,3 милиони фунти поголемо од богатството на лице од домаќинство со средни приходи.

Во периодот од 2006 до 2008 година, разликата изнесувала еден милион фунти. Најновата разлика одговара на 52 години просечен приход, во споредба со претходните 38 години.

Јазот во богатството меѓу граѓаните во раните 30-ти и раните 60-ти години е повеќе од двојно зголемен и изнесува 310.000 фунти, пресметал институтот.

Нееднаквоста од 2006 до 2008 година е најмногу продлабочена во Лондон поради наглиот пораст на цените на станбените недвижности, се наведува во извештајот на Фондација Резолуција.

Токму Лондон покажува најголеми разлики во распределбата на богатството мерено според недвижностите, се додава во извештајот. Фондацијата Резолуција го составила извештајот врз основа на анализа на официјални податоци кои првпат биле објавена во јануари оваа година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ