Трката формално започна кога на 25 ноември Сиера Леоне, тогашeн претседавач со Советот за безбедност на ОН, и Аналена Бербок, претседателка на Генералното собрание, испратија заедничко писмо со повик за номинации.
Бербок побара од земјите да ги номинираат кандидатите до 1 април за да можат да учествуваат на интерактивни дијалози на 20 април, кои ќе се емитуваат онлајн. Кандидатите ќе ги претстават своите визии, а државите членки ќе можат да поставуваат прашања.
За наследник на Антонио Гутереш во трка се пет кандидати.
Меѓу нив е Рафаел Гроси, аргентински дипломат и генерален директор на Меѓународнatа агенција за атомска енергија.
Чиле ја кандидираше Мишел Башеле, поранешна претседателка, но подоцна ја повлече поддршката.
Кандидат на Костарика е Ребека Гринспан, која моментално ја води Конференцијата на ОН за трговија и развој.
Поранешниот претседател на Сенегал, Маки Сал, е исто така кандидат, номиниран од Бурунди.
Советот за безбедност подоцна оваа година ќе препорача кандидат до Генералното собрание за избор на десеттиот генерален секретар. Одлуката ќе се носи преку тајно гласање, а конечниот избор мора да биде усогласен од петте постојани членки со право на вето: САД, Русија, Кина, Обединето Кралство и Франција.






