среда, 25 февруари 2026

Се гаси Радио слободна Европа, укинато американското финансирање

Бугарскиот сервис на Радио слободна Европа (РСЕ) ќе престане со работа на 31 март поради повлекување на американското финансирање, изјавија за Франс прес двајца членови на персоналот, неколку недели откако беше објавено слично сценарио за Романија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тимот активно работи на решение кое ќе „овозможи да продолжиме да ѝ служиме на нашата публика“, кажа еден од изворите од медиумот, барајќи анонимност во исчекување на официјално соопштение.

Директорката на сервисот Слободна Европа Романија, Елена Вијулие Танасе, исто така го објави неговото затворање на 31 март во објава на Фејсбук пред две недели.

„Ова секако е лоша вест. И не само за моите колеги и мене“, напиша таа, нагласувајќи дека „останале само неколку професионални новинари, додека овие времиња бараат наша работа на толку многу фронтови“.

Управата на РСЕ во Прага не одговорила на прашањата на Франс прес. „Разбираме дека (Радио слободна Европа) мораше да направи кастрења за да ги зачува сите свои активности, вклучително и емитувањето во диктатури како Русија“, изјавил за Франс прес Павол Салај, директор на Репортери без граници (РСФ) во Чешка.

Сепак, овие затворања „ќе го загрозат правото на граѓаните на веродостојни информации“, додава тој, нагласувајќи дека „ризикот е уште поголем во Бугарија, која чека избори, бидејќи е земја со малку независни медиуми“.

Затворањето на сервисот во Унгарија беше објавено кон крајот на ноември, со одлука на американската влада со цел да се смири унгарскиот премиер Виктор Орбан, сојузник на Доналд Трамп. Бугарија и Романија беа меѓу првите земји опфатени од Радио слободна Европа/Радио Слобода кога беше основано во 1950 година.

Радио станицата, финансирана од ЦИА до почетокот на 1970-тите, одигра клучна улога во ширењето западна пропаганда преку Железната завеса, и покрај редовните обиди на комунистичките власти да го попречат нејзиниот сигнал и покрај вознемирувањето на нејзините новинари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ