Аналитичарите сметаат дека според снимките сè уште трае вградувеањето на оружјето и внатрешните системи на бродот, за кој се верува дека е фрегата со наведувани проектили. Дизајниран е да може да носи проектили во вертикални лансирни цевки и да ги користи за цели на копно и море.
„Фрегатата е долга околу 140 метри, што го прави најголемиот воен брод кој Северна Кореја некогаш го произвела“, се наведува во анализата на Џозеф Бермудес Помладиот и Џенифер Џун од Центарот за стратегиски и меѓународни студии (ЦСИС). За споредба, американските разурнувачи од класата Арлеј Бурк се долги околу 154 метри, а новите фрегати од класата Констелејшн ќе бидат долги околу 151 метар.
A new Maxar satellite image acquired on April 6, 2025 reveals the largest North Korean-manufactured warship yet at the Nampo Navy Shipyard.
Read the full CSIS analysis: https://t.co/T04WSTYSVR pic.twitter.com/lcWdCCDhrj
— CSIS (@CSIS) April 8, 2025
Воениот брод не е никакво изненадување. Режимот на Ким забрзано ја модернизира војската, развиваат ново оружје и тестираат интерконтинентални ракети кои можат да погодат речиси кој било дел од Соединетите Американски Држави. Тоа го прават и покрај санкциите од Обединетите нации кои строго им го ограничуваат пристапот до материјали и технологија потребни за развој на такво оружје.
Новиот брод се појави во извештај кој на крајот на минатата година го објави Корејската централна новинска агенција. На снимката можеше да се види Ким Џонг Ун како лично го посетува градилиштето. Врз основа на тие снимки аналитичарите сметаат дека бродот може да има современо оружје, вклучувајќи вертикални цевки за проектили.
Во март пратеникот Ким Бјунг Ке, член на Одборот за разузнавачки работи на јужнокорејскиот Сенат, кажа за Си-ен-ен дека се сомнева дека Пјонгјанг има знаење и инфраструктура за изградба на така сложен брод.
„Управувањето на таков брод чини многу. Не е доволно само да се изгради, мора да има и обучен екипаж, а тоа значи трошоци за опрема, гориво и одржување. Освен тоа, толку голем брод не оди сам, мора да го придружува цела група. Прашањето е дали Северна Кореја сето ова може да го финансира“, кажа тој.
Ким е пензиониран адмирал и е многу внимателен околу потценувањето на бродот, особено неговата смртоносност. „Ако навистина ја опремат таа фрегата со хиперсонични балистички проектили кои, како што тврдат, успешно ги тестираат од јануари, тоа би можело целосно да ја промени безбедносната рамнотежа во регионот“, вели тој.