Стручњак за одбрана и поранешен полковник на американската армија, Марк Кансијан, оцени дека венецуелскиот режим под претседателот Николас Мадуро би можел да ја смета операцијата за „тактика на заплашување“.
Скај њуз ги потврди сателитските снимки што ја прикажуваат позицијата на американскиот брод Иво Џима, на кој се одвиваат вежби со боево гаѓање, на помалку од 200 километри од брегот на Венецуела.
USS Iwo Jima (LHD 7) en Sentinel, ayer. Geoloc 13.53475, -66.25114, 336Km N Caracas, Venezuela. pic.twitter.com/VYv8FFgxGV
— Martin Tuitero (@TuiteroMartin) October 31, 2025
Иво Џима, амфибиски јуришен брод способен за започнување амфибиски операции, беше виден во придружба на два други разурнувачи, на растојание од околу 20 километри.
🇺🇸🇻🇪 “The US has closed airspace near Puerto Rico, indicating potential Air Force preparations for strikes on Venezuela”
— Newsweek.Just drills or a move on Venezuela?
— Lord Bebo (@MyLordBebo) October 31, 2025
Пристигнувањето следеше по најавата дека американскиот носачот на авиони Џералд Р. Форд се движи кон Карипското Море, придружуван од три разурнувачи.
Аналитичарите наведуваат дека, иако носачот на авиони е моќна ударна група со голем спектар на оружје и авиони како Ф/А-18 и Ф-35, тој не е оптимално средство за сузбивање на трговијата со дрога поради брзината и тешкотијата во идентификацијата на мали чамци.
Покрај поморската активност, податоците од следењето на летови покажуваат зголемена воздушна активност на САД над Карибите, вклучувајќи бомбардери Б-1 и Б-52 во близина на брегот на Венецуела, како и шест борбени авиони Ф-35Б видени во Порторико на 17 октомври.






