Сараевчани, веќе одамна навикнати на лошите јавни услуги, споделуваат и фотографии од преполни контејнери за ѓубре и нелегално фрлен отпад – заедно со поплаки дека властите не успеваат да ги отстранат мртвите животни од јавните површини, вклучително и детските игралишта.
Сето ова создава совршени услови за развој на стаорците. Сепак, за луѓето ситуацијата е далеку од розова.
Здравствените експерти предупредуваат дека неуспехот да се контролира популацијата на глодари во Сараево доведе до алармантно зголемување на болестите што се пренесуваат преку стаорци.
Štakori preplavili sarajevsko naselje Dobrinja, Vlada Kantona Sarajevo godinama ne radi deratizaciju. pic.twitter.com/gj7B1qCKhH
— VOX (@VGNaroda) August 10, 2024
За само еден 24-часовен период оваа недела, најголемата болница во земјата регистрираше дванаесет случаи на лептоспироза. Тоа е продолжение на постојаниот тек на инфекции што се појавуваа од почетокот на овој месец.
Еден од прекарите на болеста, „стаорска треска“, укажува на нејзиниот главен извор на инфекција. Болеста најчесто се пренесува на луѓето преку вода или почва контаминирана со урина или измет од глодари.
Drvenija pic.twitter.com/HDOYbKlE5O
— nocnamora (@AmilaSamo) August 10, 2024
Симптомите може да варираат од главоболки и болки во мускулите до крварење во белите дробови. Акутната форма на болеста, позната како Вајлова болест, може да предизвика жолтица, па дури и откажување на бубрезите. Локалните власти во Сараево прогласија епидемија, што овозможи воведување на итни мерки, вклучително и долго потребната акција за чистење.
Дополнителни општински работници, опремени со средства за дезинфекција, се распоредени за да спроведат „пролетно чистење“ на јавните површини низ градот, а организирано е и дополнително собирање ѓубре. На училиштата им е наложено да ги чистат своите игралишта, да ги косат тревниците и да ги проверат подрумите за глодари.
Сегашниот сеопфатен пристап е во остра спротивност со рамнодушниот став од изминатите две години, во кои Сараево не презеде никакви мерки за контрола на штетници. Службениците за ова го обвинуваат неуспешниот тендер за дератизација и санитација, што им овозможи на стаорците да го преземат градот – но и на кучињата скитници, кои се исто така честа глетка на улиците на главниот град.
Министерот за здравство на Сараевскиот кантон, Енис Хасановиќ, ја опиша ситуацијата не како „здравствена криза, туку како комунална криза“, предизвикана од неисполнувањето на основните хигиенски обврски од страна на локалните власти.
Но, поранешната директорка на Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, Себија Изетбеговиќ, верува дека здравствената состојба би можела да стане уште полоша. Сега, како членка на Собранието на Сараевскиот кантон, таа истакнува дека „добро нахранетите стаорци“ во моментов се толку бројни во градот што „наскоро можеме да очекуваме и хантавирус“.
Барем во еден поглед, Сараево досега имаше среќа. Нелекуваната лептоспироза може да биде фатална, со повеќе од 50% смртност кај лица кои развиваат тешко белодробно крварење. Но, досега, ниту еден од пријавените случаи во тековната епидемија не бил сериозен.