Сандерс, прогресивен еврејски пратеник од сојузната држава Вермонт, во објава на платформата Икс (Твитер) рече дека војната во Појасот Газа била предизвикана од „варварскиот напад“ на Хамас, но оцени дека одговорот на Израел бил „грубо непропорционален, неморален и во спротивност со меѓународното право“.
„Доста беше. Даночните обврзници на САД повеќе не смее да бидат соучесници во уништувањето на животите на невините мажи, жени и деца во Газа“, рече Сандерс, пренесе Тајмс оф Израел.






