среда, 25 март 2026

Санчез: Неправедно е граѓаните низ светот да ја сносат цената на незаконските акции на САД и Израел против Иран

Премиерот на Шпанија Педро Санчез изјави дека е неправедно граѓаните ширум светот да ја сносат цената на, како што истакна, нелегалните дејствија на Соединетите Американски Држави и Израел против Иран и предупреди дека војната предизвикува сериозна економска штета на светот и дека само шпанските компании губат 100 милијарди евра за помалку од еден месец.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Секоја бомба што паѓа на Блискиот Исток ги погодува паричниците на нашите семејства“, им кажа Санчез на пратениците на седница на парламентот и ги наведе причините за цврстото противење на неговата влада на војната, пренесува Ројтерс.

Сумата од 100 милијарди евра штета на шпанските фирми вклучува пад на вкупната пазарна капитализација на индексот ИБЕКС на Шпанија откако избувна конфликтот на 28 февруари. Се очекува парламентот утре да гласа за мерките предложени од владата минатата недела за да им помогне на граѓаните да се справат со економските последици. Се очекува намалување на даноците за гориво и електрична енергија и распределба на субвенции за гориво на секторите кои се најизложени на скоковите на цените на горивата.

Санчез, еден од најголемите заговорници на одбрана на Палестинците и нивните територии меѓу европските лидери, денес предупреди дека Израел се стреми да нанесе исто ниво на уништување на Либан како што го предизвика во Појасот Газа.

„Охрабрениот израелски премиер (Бенџамин) Нетанјаху има цел да му нанесе на Либан исто уништување и страдање како што беше нанесено на Газа“, кажа тој еден ден откако израелските министри ја објавија својата намера да го окупираат јужен Либан.

Санчез додаде дека „не е фер некој да го запали светот, а ние останатите да мора да ја голтаме пепелта“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ