недела, 1 март 2026

Само еден од четворица Американци го поддржуваат нападот на Трамп врз Иран

Само еден од четири Американци го поддржува нападот на Соединетите Американски Држави на Иран, додека околу половина, вклучувајќи еден од четири републиканци, веруваат дека претседателот Доналд Трамп е подготвен да употреби преголема воена сила, според анкетата на Ројтерс/Ипсос објавена денес.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Околу 27 проценти од испитаниците кажале дека ги одобруваат нападите, додека 43 проценти рекле дека не ги одобруваат, а 29 проценти кажале дека не се сигурни.

Девет од 10 испитаници кажале дека слушнале барем нешто за нападите, кои започнаа вчера наутро.

Околу 56 проценти од Американците веруваат дека Трамп, кој исто така нареди напади врз Венецуела, Сирија и Нигерија во последните месеци, е премногу подготвен да употреби воена сила за да ги унапреди американските интереси.

Големо мнозинство демократи, 87 проценти, го поддржуваат тој став, како и 23 проценти од републиканците и 60 проценти од луѓето кои не се идентификуваат со политиките на која било политичка партија.

Анкетата, која била спроведена вчера откако нападите веќе почнале, ги зема предвид одговорите на 1.282 возрасни лица во САД. Постои маргина на грешка од три процентни поени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ