На состанокот закажан за 17 часот по локално време во Овалната канцеларија се очекува да присуствуваат клучни членови на кабинетот на Трамп и тимот за национална безбедност. Меѓу нив се министерот за одбрана Пит Хегсет, началникот на Здружениот генералштаб, генералот Ден Кејн, државниот секретар Марко Рубио, како и шефицата на Кабинетот на претседателот Сузи Вајлс и заменик шефот на кабинетот Стивен Милер.
Средбата доаѓа во време на зголемен притисок од Соединетите Американски Држави врз Венецуела, што вклучува пресретнување на наводни бродови за шверц на дрога и зајакнување на американското воено присуство во Карибите. Во текот на викендот, Трамп издаде строго предупредување на социјалните медиуми до авиокомпаниите, пилотите и криминалните мрежи да го избегнуваат воздушниот простор на Венецуела.






