Вашингтон вчера воведе санкции за ирански магнат со течен гас, како дел од кампањата за „максимален притисок“ на претседателот Доналд Трамп со цел извозот на иранска нафта да се сведе на нула.
„Постојаното воведување санкции против различни економски сектори на Иран е во јасна спротивност со американското барање за дијалог и преговори и укажува на недостиг од добра волја и сериозност на САД во овој поглед“, рече Есмаил Багеј во изјавата на Телеграм.
Политички и експертски разговори на високо ниво треба да се одржат оваа сабота во Оман за да се почне подготвување рамка за потенцијален договор за спорната иранска нуклеарна програма.
За време на посетата на Пекинг, каде што се сретна со кинескиот вицепремиер Динг Суексианг, иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи изјави за иранските државни медиуми дека е премногу рано да се суди за исходот од разговорите меѓу Иран и САД, за кои рече дека се движат во вистинската насока.
„Ние сме претпазливи оптимисти и ако Американците продолжат да бидат конструктивни и да избегнуваат какви било нереални, неостварливи барања, уверен сум дека на крајот можеме да склучиме добар договор“, додаде највисокиот ирански дипломат.