вторник, 9 декември 2025

САД: Вооружен напад во голема воена база, петмина повредени, напаѓачот е фатен

Пет американски војници се ранети денеска во пространата воена база Форт Стјуарт во државата Џорџија, вооружениот напаѓач е фатен, пренесуваат Си-ен-ен и други американски медиуми.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Степенот на нивните повреди не е познат, но се знае дека тие добиле помош на лице место и се пренесени во болница, пренесува Си-ен-ен, повикувајќи се на соопштение од аеродромот на базата Форт Стјуарт.

Соопштено е дека напаѓачот е фатен и повеќе не претставува закана.

Вооружениот инцидент се случил „во областа на борбениот тим на Втората оклопна бригада“, беше објавено преку Фејсбук страницата на базата.

Првично, Асошиејтед прес објави дека делови од пространата воена база Форт Стјуарт во американската држава Џорџија биле непристапни бидејќи некој „активно пукал“ внатре, и дека имало жртви.

Преку Фејсбук страницата на базата, на персоналот во блокираната област Форт Стјуарт му беше кажано да „остане внатре и да ги заклучи сите прозорци и врати“. Блокадата сега е укината, американскиот претседател Доналд Трамп е информиран за инцидентот.

Форт Стјуарт се наоѓа на 64 километри од градот Савана во југоисточна Џорџија.

Тоа е најголемата американска воена база источно од реката Мисисипи.

Таму се стационирани илјадници војници, припадници на Третата пешадиска дивизија на американската армија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ